Модната куќа "Lisca"
направила градник кој го покажува возбудувањето кај жените.
"Smart memory" градникот има корпи наполнети со
посебна пена, која реагира на промената на
температурата.
Кога ке дојде до сексуално возбудување, температурата
нa телото расте, а паметниот
градник одма реагира, и малку ги поткрева градите на горе и
ги доближува како би се добило поизразито деколте. Кога
возбудувањето ке спадне, а со него и
температурата на телото, градникот се
враќа во старата положба.
Дизајнерите на словенечката компанија оваа необична
карактеристика на градникот ја пронајдоа во настојувањата да смислат градник
кој би се прилагодувал во различни временски услови.
"Овој модел е многу поздрав за телото од
обичните, тврди градници, затоа
што во секој момент на градите им дава идеална подршка, и се
прилагодува на нивниот облик", рекла
дизајнерката Сузана Горишек.
Градниците од "паметната"
колекција ке се појават во продажба ова лето, а ќе
чинат помеѓу 25 и 30 евра.